За Велигденската трпеза: Јагнешко што се топи во уста!

Јагнешко месо го зазема главното место на трпезата за Велигден, а за да биде поразновидна и побогата, пригответе вкусни и креативни јадења. Еве еден рецепт за јагнешко што се топи во уста!

Состојки:

  • 1,2 кг јагнешко филе или од гради,
  • 3 китки блитва или спанаќ,
  • 2 печени пиперки,
  • рузмарин,
  • суви билни зачини,
  •  масло,
  •  бело вино.

Приготвување:

Месото одвојте го од коските, посолете го и посипете го со рузмарин.

По него распоредете ги спанаќот или блитвата.

Преку спанаќот наредете ги филетите од пиперки. Сето тоа завиткајте го во ролна и заврзете го со тенок канап.

Ставете го во плех, прелијте го со масло, вода и со бело вино, па печете го околу 40 минути. Додајте зеленчук по желба, а потоа печете уште еден час. Сервирајте го со компир, тиквички или со моркови.