Заев денеска ќе соопшти дали ја прифаќа оставката на Филипче

Премиерот Зоран Заев, денеска ќе излезе во јавноста со одлуката за понудената оставка од страна на министерот за здравство Венко Филипче.

Заев треба да соопшти дали ја прифаќа или, пак, ќе ја одбие оставка од првиот човек на министерството за здравство и потпретседател на владејачката партија.

Вчера Филипче во 19 часот понуди оставка од функцијата, по трагедијата во Тетово во која загинаа 14 лица. Истакна дека ја понудува оставката до Заев како „морален“ чин.