Владата има комплетен капацитет, а јас како претседател на СДСМ излегов со предлог мерки со цел справување со коронакризата, но и истакнав дека Владата има поддршка како и да одлучи, нема потреба од лидерска средба по ова прашање, истакна претседателот на валадејачката партија при гостувањето во Дневникот на Националниот телевизиски сервис, одговарајќи на прашањето за потребата од свикување на лидерска средба меѓу партиите со цел усогласување на ставовите и мерките кои би се предложиле во справувањето со коронакризата.
Заев не искоментира зошто неговите „мерки“ за намалување на платите во администрацијата ги одби дури и неговиот коалиционен партнер ДУИ, ниту што – иако тој најави мораториум на кредитите, тоа не се случи.
Во исто време кога правеше политички маркетинг на својата влада фалејќи ги нејзините капацитети и задоцнети реакции кои донесоа 201 заболен досега во Македонија, Заев контрадикторно изјави:
„Мора да се поставиме посериозно , затоа што ова не е кампања и не се избори, ова е скриен непријател наречен коронавирус и е заеднички за сите и не смееме да правиме политички поени од тоа. Затоа што граѓаните знаат да препознаат и нивното мислење ке ни го соопштат зад параванот кога ќе гласаат.“
Колку е Заев контрадикторен и популист оценете сами од претходно сроченото. Имено, во првата реченица изјави дека ова не се избори, за да во следната последователна во еден ист здив протне јасна и евтина прикаска дека граѓаните ќе го препознале стореното и ќе го соопштеле зад параванот кога ќе гласале?!