Република Северна Македонија за севкупна употреба со превод е решението за кое е постигнат договор меѓу Македонија и Грција, информираше премиерот Зоран Заев.
Имаме прецизирано македонско име, Република Северна Македонија со превод на сите јазици. Договорот предвидува потврда на мак јазик во ОН без фусноти, националноста е македонска/Граѓани на Република Северна Македонија. Договорот ќе го презентираме, па ќе го потпишеме и ќе следува ратификација од двете страни. Шансата е тука и мора да се искористи, храбро и смело, така е патриотски. Се определивме за иднината и стигнавме тука. Имаме историско вековно решение, решавајќи го спорот градиме пријателство меѓу двете земји. Со решението го јакнеме идентитетот македонски, македонски народ, македонски јазик, Македонец, Македонка, заштитени и зајакнати еднаш засекогаш. Нема веќе ФИРОМ и меѓународни договори каде се избегнува македонскиот јазик. Свои сме на своето и тоа е признато од Грција и меѓународната заедница. Со овој договор ќе биде потврден и зајакнат нашиот културен идентитет, рече Заев.
Договорот ќе биде презентиран со сите релевантни институции и следува ратификација и Грција ќе испрати пимо го генералниот секретар на ООН и до Европскиот совет со кој ќе се потврди дека повеќе нема пречки за добивање на препорака и почеток на преговорите со Македонија.