„Заев, Шилегов и Богдановиќ, по преспани мандати, познати само по афери и корупциски скандали, извршија увид во работа на 150 метри реконструирана улица“

ПРЕМИЕР И ДВАЈЦА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА УВИД ВО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА 150 МЕТРИ УЛИЦА. Вчерашниот настан во скопски Центар е перфектен приказ на начинот на кој СДСМ ја води локалната самоуправа изминативе 3,5 години. Со неверојатна медиумска помпа, премиер на држава, градоначалник на Град Скопје и градоначалник на Општина Центар, присуствуваа на увид во работи на реконструкција на улица во должина од фантастични 150 метри!!!, велат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сите тројца, Заев, Шилегов и Богдановиќ, по преспани мандати, познати само по афери и корупциски скандали, извршија увид во работа на 150 метри реконструирана улица Орце Николов. За потсетување, овие 150 метри улица чија реконструкција започна на 22 март и е далеку од комплетирана, ќе ги чини граѓаните фантастични 64,8 милиони денари или повеќе од 1 милион евра за 150 метри улица. Она што е потрагично е што за останатиот дел од Орце Николов (до крстосницата со улица Френклин Рузвелт), или уште некој 800 метри, без срам и око да им трепне, Богдановиќ најави дека ќе се реализира во наредните 5 фази!!! Како што тргнал СДСМ, нивниот есап е 1000 метри улица, 5 фази, 5 години, 5 милиони евра! На овој есап може да им позавиди и екс градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, кој пред 5-6 години потроши 1,1 милиони евра за поплочување на две улички во Дебар Маало, стои во нивната објава на Фејсбук.