Загадениот воздух убива над илјада Македонци годишно, предупредува др Беќаровски

Повеќе од 1.500 лица умираат секоја година како последица од загадениот воздух во Македонија. Аерозагадувањето е тивок убиец, категоричен е доктор Нико Беќаровски. Според него во Скопје и останатите градови во земјава каде загадувањето е алармантно граѓаните дишат отрови, а не воздух. Последиците се долгорочни, а ги чувствуваат сите, пренесува ТВ Сител.

-Покрај оние честички кои се регистрираат дишеме отрови, сулфур диоксид, цијаниди… изјави д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.

Покрај белите дробови од загадениот воздух страдаат и нервите и црниот дроб.

-На Скопските клиники регистрираат пациенти со ензимски наоди на овој орган, а што исто така причина може да биде аерозагадувањето, вели доктор Беќаровски.

Веќе една недела Скопје е меѓу најзагадените градови во светот, а состојбата е алармантна речиси во сите поголеми општини во земајва, а мерки нема.