
Маж е осомничен дека намерно со камион прегазил припадник на протесното граѓанско движење Жолти елеци кој починал на самото место во петокот вечерта во Белгија, е идентификуван во Холандија но во саботата сѐ уште бил во бегство, објави државното обвинителство во источниот белгиски град Лиеж кое ја води истрагата.
Преку холандските регистарски таблички коишто ги забележале очевидци било влезено во трагата на компанија во близина на градот Тилбург во Холандија, којашто го идентификувала возачот, појасни во саботата вечерта портпаролката на државното обвинителство. Распишан е европски налога за апсење за да се овозможи приведување на осомничениот возач на камионот.
Според прелиминарните сознанија на истрагата, не било возможно возачот да не го видел двете лица коишто се обидувале да го попречат неговото минување преку препреката, додале иследниците.
Драмата се одиграла на автопатот Е25 во местото Визе, во правец на Маастрихт. Двајца демонстранти сакале да запрат камиот кој наместо да го забави движењето ја зголемил брзината, изјавиле сведоци. Еден од двајцата демонстранти, 49-годишниот Роже Бароле завршил под тркалата на камионот.
„Роже му викаше ‘Застани, застани’ и се обиде да го сопре, но возачот забрза и го прегази. Тоа е убиство“, рекла жена која била очевидец на несреќата во саботата за телевизискиот канал RTFB.
Ова е прв смртен случај на еден демонстрант на белгиските Жолти елеци од почетокот на ова протесно движење од средината на ноември, коешто иницијално се јави во соседна Франција, а потоа се прошири во другите европски земји.