„Очигледно Берлин не брза да ги споредли овие информации (за ситуацијата во врска со Навални) и истовремено бара итна акција на Русија. Москва нема ни основа ни план да му верува на Берлин на збор“, кажа Захарова на брифинг за новинарите.
Таа додаде дека руското министерство за внатрешни работи го продолжило рокот за истрагата за случајот на Навални, чекајќи ги информациите од Германија.
„Берлин сѐ уште не ги доставил биолошките примероци на Навални и резултатите од тестовите, ниту обезбеднил какви било информации за природата на лекувањето кое тој руски државјанин го добил на клиниката Шарите. Германија не обезбеди никаква соработка за организирање на разговор меѓу него и руските истражители“, кажа Захарова.
На прашањето дали мисли дека постои противречност во изјавите дека Русија никогаш не го поседувала новичок и минатонеделниот коментар на директорот на руската Надворешна разузнавачка служба Сергеј Наришкин дека се елиминирани резервите од овој хемиски агенс, Захарова кажа дека ни Советскиот Сојуз ни Русија никогаш не спровеле истражување за создавањето на супстанцата позната како новичок.
„Повеќе пати кажуваме дека Советскиот Сојуз и Русија, за разлика од западните земји, никогаш немале истражувачки и развојни прокти со кодно име новичок. Можам само да потврдам дека рускиот став по ова прашање не е променет“, пораша Захарова.
Таа додаде дека „што се однесува до бројните шпекулации“ на поединци на оваа тема и „неточните интерпретации“ на изјавите на руските функционери во масовните медиуми, „не е потребен коментар“.
На Навални му се слоши минатиот месец во Сибир, по што беше сместен во болница во Омск, а потоа во состојба на индуцирана кома беше префрлен на лекување во Берлин, од каде што беше пуштен вчера.
Германија тврди дека резултатите од три лаборатории покажуваат дека тој бил отруен со нервниот агенс новичок, што Москва го негира.