Страшна видео порака осамна на Интернет. Пораката е со име „Ние сме исламски калифат – касида“, а Македонија е на листата земји кои според нив треба да се освојат.
Тука се и Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна, Косово и Албанија.
Во овој видео запис, објавен на 10-ти јули, екстремистите, по освојувањето на Србија, планираат да ги покорат Хрватска, Црна Гора, БиХ, Албанија, Македонија и Косово, и така Исламската власт да ја прошират на цел Балкан.
Целата видео порака ја следи и касида – верска песна со која му се закануваат на Балканот.
Погледнете…