
Лекот против пролив „Елотранс“ кој се издава без рецепт сѐ потешко може да се најде во аптеките ширум Германија, поради неговата популарност на социјалните мрежи каде што се претставува како лек против мамурлак.
„Се случи ткн тесно грло во испораките, бидејќи побарувачката е голема“, изјавил Штефан Финк, член на управата на сојузот на германските здруженија на фармацевтите, пренесува германската новинска агенција DPA.
Препаратот „Елотранс“ во моментов не е достапен кај многу трговци на големо, рекол Финк, што значи дека тој не може да се најде на полиците на аптеките, а редовно е распродаден и на интернет.
Со месеци ова лекарство, кое го произведува германската фармацевтска компанија STADA, којашто е специјализирана за генерички лекови и лекови кои се издаваат без рецепт, на социјалните мрежи TIkTok и Instagram се рекламира како лек против мамурлак.
„Се чини дека навистина постои силна поврзаност“, рекол Финк за недостигот од лекот којашто започната летото со објавите на социјалните мрежи.
Во коментарите на акаунтот на Instagram за „Елотранс“ и во рецензиите на интернет препродавачите, главно се споменува користењето на препаратот пред или во текот на долгите забави.
Произведувачот пред неколку седмици на Instagram вети зголемување на производствените капацитети.
Фин рекол и дека луѓето кои сакаат да го надминат мамуралкот им го одземаат „Елотранс“ на децата со акутен пролив и на луѓето кои патуваат на долги релации и сакаат да се заштитат од проблеми со желудникот.