Сопствениците на постарите дизел автомобили во германски градови со екстремно загаден воздух би требало да бидат во можност да избираат да добијат стимулации да купат нов автомобил или да инсталираат нова опрема, договорила владејачката коалиција во Германија.
По маратонските преговори канцеларката Ангела Меркел и лидерите на коалициските партнери на ЦДУ утринава објавија дека постигнале договор за начинот на намалување на загадувањето на воздухот во градовите, кој нема да вклучува забрана за возење.
Според документот од договорот до кој дошол Ројтерс пред негово официјалното објавување, германските производители на автомобили се согласиле на сопствениците на дизел автомобили со постари стандарди на емисии Euro 4 и Euro 5 да им понудат програма за замена на автомобилите.
Новиот стандард за емисија на дизел мотори е Euro 6.
Коалициските партнери истакнале дека воведувањето на таков поттик за купување би им овозможил на сите сопственици на автомобили со стандардите Еуро 4 и 5 набавување на ново возило пред можното воведување на забрана за сообраќај на возилата со повисоки нивоа на загадување.
Во случај сопствениците на модели со Euro 5 да сакат да инсталираат модерна опрема, т.н. систем на селективна каталитичка редукција (SCR), под услов ова решение да е соодветно и на располагање, германската влада очекува од производители на автомобили да ги покрие трошоците на овие мерки.
Владата, пак, ќе субвенционира до 80 отсто од трошоците за инсталирање на SCR во возилата за достава и во комбињата.
Од вкупно 46,5 милиони автомобили на германски патишта, 3,1 милиони се со дизел модели Евро 4, додека оние со Euro 5 се 5,7 милиони.
Ако како референтната вредност се земат 2.400 евра по возило, колку што „Фолсваген“ се согласил да издвои за инсталација на SCR, пресметки покажуваат дека вградувањето на оваа опреме индустријата би ја чинела до 13,7 милијарди евра, кога ќе се исклучат 1,29 милиони комерцијални возила со Еуро 5 .
Големите германски производители- „Фолксваген“, „Дајмлер“ и „БМВ“ се уште не го коментираа договорот на владејачката коалиција.
Француски „Рено“ утрово најави дека на сопствениците на постарите дизел возила во Германија им нуди до 10.000 евра за замена на стари за нови, почисти автомобили. На тој начин „Рено“ стана првиот странски производител на автомобили кој одлучи да учествува во германските напори за спречување на понатамошно загадување на воздухот.