Италијанските власти објавија во петокот дека заплениле голема пратка од дрога со којашто џихадистичката организација Исламска држава (ИД) имала намера да ги финансира своите операции и да ги стимулира своите борци за битките на Блискиот исток.
Околу 24 милиони таблети „Трамадол“, коишто на црниот уличен пазар чинат 50 милиони евра, се откриени во јужното пристаниште Џиола Тауро, соопштија италијанските царински служби.
Пратката пристигнала од Индија, а крајната дестинација била Либија, соопшти полицијата додавајќи дека сличен товар прет шест месеци били откриен во северното пристаниште Џенова, кога биле најдени 37 милиони пастили.
Според италијанските власти, припадниците на Исламската држава често ги користат таблетите „Трамадол“ како стимуланс. Овој опијат е познат и како „војничка дрога“. На улица во Европа една таблета вообичаено се продава за 2 евра.
Рацијата во петокот ја координирал антимафијашкиот обвинител во италијанскиот регион Калабрија со помош на американската Агенција за борба против наркотици (DEA).
„Транадолот“ кој се произведива во Индија и Пакистан има многу ниска цена, а во Либија една таблета се продава за два долара. Го користат платениците и терористите, бидејќи го намалува или потиснува прагот на чувството на замор. За да се постигне саканиот ефект треба да се земаат четири или пет апчиња дневно, а често се користи како стока за размена во подземјето.