Запленети 1,5 тони кокаин и уапсени 14 членови на меѓународна криминална организација

Европол ги поддржа Централната единица за наркотици и Централната единица за перење пари при регионалната каталонска полиција во апсењето на 14 члена на меѓународна криминална организација, кои шверцувале кокаин и переле пари.

Осум членови на криминалната организација се испратени во затвор, се вели во соопштението на Европол.

Истрагата започна во декември 2018 година, кога 1.413 килограми кокаин беа пронајдени во компанија во близина на Барселона. Дрогата била скриена во 800 кутии хартија А4 кои пристигнале од Бразил.

Вистинската содржина на кутиите беше откриена дури кога вработен во компанијата земал една откако случајно паднала. Две лица беа уапсени во Шпанија и истрагата откри дека 10 лица шверцувале дрога од Бразил, како дел од криминална организација.

За да ги „перат“ парите што ги стекнале од трговијата со дрога, осомничените создадоа цела деловна структура со разни компании, компании за инвестиции во недвижнини или модни продавници во Барселона.

На 4 февруари регионалната каталонска полиција спроведе 13 истовремени претреси на куќи и компании за да ја „расипе“ структурата на оваа организација за криумчарење и, заедно со шпанската национална полиција, изврши претрес во куќа на островот Малеон во Балеарите.

Запленети се пари во повеќе валути, мобилни телефони, четири видови оружје, три автомобили, две мотоцикли и неколку предмети, а две плантажи со марихуана се распуштени.

Двајца експерти на Европол беа испратени да обезбедат поддршка на лице место и да „извлечат“ податоци од мобилните телефони на двајцата уапсени.

Еден член на Шпанската национална единица Европол помогнал во истрагите.