Во Португалија се запленети 3,5 тони хашиш, што е второ одземено поголемо количество дрога, откако пред три дена беа откриени 825 килограми кокаин.
Хашишот, чија пазарна вредност се проценува на повеќе од осум милиони евра, е пронајден во рибарски брод во близина на атлантскиот брег. Уапсени се шест мажи, од кои петмина се португалски државјани.
Како што соопшти полицијата, хашишот од Северна Африка и од Португалија требало да биде дистрибуиран во други европски земји.
Во операцијата учествувале припадници на воздухопловните сили и морнарицата, а помогнале и шпанските власти.