Започна средбата на украинскиот претседател Виктор Јанукович со тројцата негови претходници, пренесуваат локалните медиуми.
Средбата меѓу четворицата државници е првиот чекор кон организирање на „тркалезна маса“ меѓу претседателите, опозицијата, младите и претставниците на граѓанското општество.
На средбата засега не учествуваат претставници на опозицијата.
Разговорите, посветени на обновување на политичката стабилност во Украина, се одржуваат во Украинската палата.