Започнува Месопосната недела

Следна седмица в недела,православните верници ќе го празнуваат еден од позначајните христијански празници Прочка или Велики поклади, меѓу народот познат и како Проштени поклади.

Кога станува збор за празникот Прочка не смее да се изостават деновите што му претходат на овој празник.

Една седмица пред Прочка, поточно во саботата, беше одбелеќжана Задушница.

Седмицата пред Прочка се вика Месопосна или Месна недела, а некои ја викаат и Месни поклади зашто на тој ден се запокладува (односно се запостува) со месо, месни производи и свинска маст.

Овој период од седум дена од Месни поклади до Прочка се вика и Сирна недела или Сирници поради тоа што во овој период се јадат млечни производи. Некои ја викаат и Бела недела.

Од Сирни поклади, односно од Прочка не се јадат и млечни производи со што започнуват големите, долги седум недели, Велигденски пости, што траат до Велигден.