![spiro_r](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/spiro_r.jpg?resize=640%2C294&ssl=1)
Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеска ќе има свое обраќање на генералната конференција за отпочнување на новата програма за образование, обука, млади и спорт на Европската унија, „Ерасмус плус 2014-2020“ во Македонија.
На конференцијата која е во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, ќе присуствуваат и претставници на Генералниот директорат за образование и култура на Европската Комисија.