Заразените работници од германската кланица побегнале на Балканот

Голем број заболени од германската месарска компанија „Тонис“, каде со коронавирус се заразени повеќе од 1000 луѓе заминале на Балканот, тврдат германските медиуми.

Округот Гистерлох има информации дека вработени со потекло од Романија и Бугарија заминале, непосредно пред одлуката за карантин за сите работници во погоните во местото Виденбрик.

„Забележавме зголемена раздвиженост“, велат окружните власти, додавајќи дека немало доволно време за да се спречи тоа.

Локалните власти наредија карантин во петокот.

Во погоните на фабриката „Тенис“ во Реда-Виденбрик, најголемата кланица во Германија, вработени се околу 6.500 луѓе, од кои половина се вработени преку компании кои посредуваат за вработување.

Според компанијата, луѓе од 87 нации работат во „Тоени“, но најголема група се Романци и Полјаци, а една третина од странските работници живеат во Германија.

Шефот на Кризниот штаб на округот, Томас Кулбуш ги известил амбасадите на земјите на потекло на работниците од „Тенис“, а некои амбасади и самите се јавиле за добијат информации.

Претходно, весникот „Билд“ објави дека заминале работници од Романија и Бугарија и оти нивната рута минувала низ Австрија и Балканот до нивните матични земји.