Затворени 50 училишта во Франција поради високите температури

Топлотниот бран од Сахара погоди голем дел од Европа, а ситуацијата со високите температури се влошува. Над 40 степени се очекуваат во Франција и Шпанија, а кулминацијата на жешкото време се најавува за денеска и утре.

Веќе се затворени околу 50 училишта во областа Есон, јужно од Париз, бидејќи немаат доволно уреди за ладење. Денеска ќе бидат затворени училишта во уште две париски предградија.

Во делови од североисточна Шпанија се очекува дека температурите во петок ќе бидат над 45 Целзиусови степени. Во Германија и Италија температурите се под 40 степени, но сепак над просечните вредности за ова време од годината.

Во Швајцарија, исто така е невообичаено жешко, но властите инсистираат на тоа училиштата да останат отворени, бидејќи во спротивно ќе настане проблем за вработените родители, пренесува „Танјуг“.

Француските власти одлучија во Париз и во Лион да биде дозволен сообраќај само за возила кои ги исполнуваат еколошките стандарди, бидејќи загадувањето на воздухот во жешки денови е особено изразено во Париз.

Со цел да се намалат оштетувањата на коловозот на автопатиштата, во источна Германија се одлучија да ги намалат дозволените брзини.

Германскиот институт за климатологија во Потсдам објави информација дека петте најжешки лета во Европа од 1500 година наваму, биле во 21. век.

Високи температури се регистрирани и во Австрија, каде што во Тирол беа измерени 39 степени. Властите во Виена ангажираа повеќе од 40 возила на миење на улиците кои прскаат со ладна вода