Состојки:
150 грама ореви
150 грама јаболки исечени на коцкички
150 грама овесни снегулки
220 грама урми
1 кафена лажичка цимет
Прстофат сол
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 степени. На плехот ставете хартија за печење па врз неа истурете ги оревите и овесните снегулки и ставете ги во рерната околу 10 до 15 минути (додека да станат крцкави).
Ставете ги урмите во врела вода околу 15 минути, потоа излупете ги и исечете ги на коцкички.
Печените овесни снегулки и оревите ставете ги во блендер, додадете ги урмите, циметот и солта. Ситнете со блендерот додека не добиете еднолична смеса, без поголеми парчиња. Додадете ги исецканите јаболка и мешајте се додека смесата целосно не се изедначи.
Смесата ја ставате во плех обложен со хартија за печење и израмнете ја површината. Се пече во рерна околу 20 минути, а постоа треба да се олади околу 15 до 20 минути.
Потоа се сече на плочки во саканата големина.