Здравствен работник и два штитеника заразени во домови за стари лица

Регистрирани се три позитивни случаи во домови за стари лица и тоа еден вработен здравствен работник и два штитеника, се наведува во Извештајот на Институтот за јавно здравје објавен вчера.

Вчера беа тестирани 312 лица во рамки на таргетираниот скрининг во градинките и домовите за стари лица во Скопје и во Прилеп.

Во новозаболените од вчера најзастапена е возрасната група од 30-39 години со 27 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 48 лица од женски и 41 од машки пол.

Од вкупниот број на нови случаи, 58 имале контакт со потврден случај. Регистрирано е и едно лице со странско државјанство и историја на патување во последните 14 дена.

Вчера имаше висока бројка на новозаразени со ковид-19 – беа регистрирани вкупно 89 позитивни случаи од 9 градови. Најголем дел од регистрираните случаи беа од Скопје (39,3%) и од Штип (30,3%).