„Зелената електронска пропусница“ за вакцинираните против Covid-19 ќе биде претставена на 17-ти март

Европската комисија ќе го претстави својот прв проект за создавање пасоши за имунизација во Европската унија на 17-ти март, соопшти на брифинг во Брисел во понеделникоот официјалниот портпарол на Комисијата, Ерик Мамер.

Појасни дека одлуката за нивна практична примена, вклучително и на меѓународно ниво, земјите членки на ЕУ ќе ја донесат подоцна.

Мамер, исто така, истакна дека документот нема да се нарекува пасош, туку „зелена електронска пропусница“.

Земјите-членки ќе разговараат за усвојување на документот предложен од Европската комисија, но нема да ги дискриминираат граѓаните на ЕУ кои не се вакцинирани против коронавирусот.

На самитот одржан кон крајот на февруари, европските лидери се согласија да продолжат да работат на создавање пасоши за имунизација во наредните месеци