Зеленски до Меркел: Северен тек 2 е руско „опасно геополитичко оружје“

Руско германскиот гасовод Северен тек 2 е „опасно геополитичко оружје“ на Кремљ тврдел во неделата украинскиот претседател Владимир Зеленски примајќи ја во Киев германската канцеларка Ангела Меркел кој се зазема за овој проект кој за Берлина е чисто економски, откако ја просети Москва.

Споментот подморси гасовот во Балтичкото Море ќе ги удвои испоралите на руски гас во Германија, а Украина стравува дека така ќе остане без најмалку 2 милијарди евра годишно, колку што вообичаени добива за тансит на рускиот газ преку нејзината територија кон порошувачите во Европа, но што досега предизвика три „гасни војни“ меѓу Москва и Киев од кои страдаа европските корисници. Покрај тоа, Украина ќе остане и без силна алатка како средство за дипломатски притисок на Западот во споровите со Русија.

„Го разгледуваме овој проект исклучиво во смисла на безбедноста и го сметаме за опасно геополитичко оружја на Кремљ. Никој не може да негира дека на најголеми ризици поради довршувањето на Северен тек 2 ќе биде изложена Украина“, исткана Зеленски на заедничката прес-конференција со Меркел.

Германската канцеларка која есенва заминува од должноста, се обиде уште еднаш да го успокои Киев, предочувајќи го договорот што го склучи со американскиот претседател Џо Бајден неодамна во САД, кои се обидоа но не успеаја да го запрат завршувањето на проектот, дека Берлин е обврза дека формира голем фонд за поддршка на Украина и оти од Москва бара да не го користи за слабеење на позициите на Киев и со услов да биде продолжен договорот за трензитот на гасот кој истекува во 2024 година.

Меркел потсети дека во петокот во Москва побарала од рускиот претседател Владимир Путин да биде продлжен „договорот за транспортот на рускиот гас преку Украина“.

„Согласни сме со Американците дека гасот не користи како геополитичко оружје и тоа на крајот ќе биде во функција на продолжувањето на договорот. Колку тоа се случи поскоро, ќе биде подобро“, додаде германската канцеларка.

Меѓутоа, Зеленски рече дека сѐ досега за продолжувањето на транзитниот договор слушнал „само воопштени работи“.

Меркел возврати дека ја сфаќа „големата загриженост“ на претседателот Зеленски, истакнувајќи дека Берлин има „посебна одговорност“ во врска со тоа. Германско-американскиот договор овозможува воведување „санкции долку гасот се користи како оружје“, додаде.

Меркел на крајот рече дека овие ветувања ќе бидат „обврзувачки и за идните германски влади“, бидејќи таа објави претходно дека по 16 години ќе се повлече од канцеларската должност.

Украина, која ја има поддржката на Западот, по превратот во 2014 година во Киев и предизвикувањето војна со југоисточните рускојазични и руски региони го загуби и стратешкиот црноморско полуостров Крим кој во советскиот период е изведен од руската и додаден на укранската република. Тамошното доминантно население со два референдума во март 2014-та изгласа враќање на укинатата автономија и просоединување на Руската Федерација, што Западот не го признава и го смета за нелегална руска анексија на украинска територија.

Иако украинските власти ѝ се благодарни на Меркел за големата германска финансиска и политичка поддршка во судирот со руската страна, ѝ забележуваат што гасното прашање го исклучи од санкциите на ЕУ, истрајувајќи на градењето на гасоводот Северен тек 2, што се смета за стратешки интерес на германската економија.