Украинскиот претседател Володомир Зеленски по цела седмица во саботата потврди дека е во тек украинската противофанзива, но одби да каже во која фаза е оградувајќи се дека неговитите генерали се задоволни.
„Противофанзивата и одбранбените операции се во тек, но нема да кажам во која фаза се“, додавајќи дека неговите врховни команданти се задоволни.
„Пренесете му го тоа на Путин“, рече Зеленски на новинарите, придружуван од канадскиот премиер Џастин Трудо, алудирајќи на изјавата на рускиот претседател од петокот вечерта кој изјави дека долгонајавуваната украинска противофанзива започнала но безуспешно.
Британското разузнавање, кое дава деневни извештаи од почетокот на руската инвазија во кои редовно секојдневно се известува за украински напредувања на боиштето, објави дека Украина во последните 48 часа извела „неколку значајни операции “ во источните и југоисточните региони на земјат и оти наводно на некои места „се пробиени руските линии“, но не се прецизира во кои области се случило тоа.
Руското Министерство за одбрана претходно во саботата објави дека во последните 24 часа Украина продолжила со „неуспешните обиди“ да започне напади во областа јужно од Доњецк, во областа Запорожје и крај градот Бахмут кој по повеќемесечни крвави борби во мај го заземаа руските сили.
Според Москва, во последните 24 часта, украинската војска во нападите на два правца во Доњецк и Запорожје загубила 300 војници, девет тенкови од кои четири од германските „Leopard 2“, 11 борбени пешадиски возила од кои пет американски „Bradley“, 14 борбени околопни возила, шест други воени возила и самооден артилтериски систем „Caesar“ од француско производство.
На боиштето кај Бахмут, како што прецизира руското Министерство за одбрана, руската борбена групација „Југ“ одбила пет обиди на украинските сили да ја пробијат одбранбената линија кај четири села во близина на Бахмут, и притоа загинале 230 украински војници а биле уништени и пет борбени оклопни возила и две хаубици.
Руската борбена група „Запад“, се додава во истиот руски брифинг, авијацијата и артилеријата извеле нападни операции на четири места во регионот Луганск и Харков, и притоа биле спречени продори на четири помали диверзантски групи на украинската војска. Во овој правец украинската војска загубила 65 војници, еден оклопен транспортер, пет пикапи со тешки митралези и еден артилериски систем „М777“ од американско производство.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави во петокот дека украинските сили секако ја започнале со месеци најавуваната противофанзива, но дека сите обиди за напредување на украинската војска пропаднале со големи жртви.
Изјавата на Путин е во контекстот на наративот кој руското Министерство за одбрана го практикува од почетокот на седмицава, а на што немаше негирања од официјалните претставнции во Киев, истакнувајќи дека почетокот на протовофанзивата секако нема да биде најавен.
Руското Министерство за одбрана претходно во петокот објави во дневниот брифинг за борбите на украинското боиште дека одбиле украинските напади во регионите Запорожје и Доњецк, од кои најголемиот дел е под руска контрола, и оти во тие офанзивни обиди украинските сили наводно имале илјадници жртви, како и дека се уништени десетици тенкови, вклучително и германските „Leopard 2“. Москва претходно објави дека во редовите на руските сили во украинската противофанзива загинале над 70 руски војници.
Во дневниот брифинг руската војска тврдеше дека украинските сили само во петокот безуспешно ги нападнале руските линии на одбраната четири пати со два баталјона придружувани од десетици тенкови, јужно од Велика Новоселка во Доњецк. Руските сили, според истиот извор, одбиле и два напада јужно од градот Ораховка во регионот на Запорожје.
„Сите обиди на протиофанзивата (на Украина) засега пропаднаа. Но офанзивните потенцијали на силите на киевскиот режим и натаму постојат“, рече Путин.
Руското Министерство за одбрана објави и дека Украина во изминатите 24 часа загубила 1.200 војници, 40 тенкови и неколку авиони, вклучително и борбените „МиГ-29“ и „Су-25“.
Москва во вторникот, пак, објави дека во претходните три дена загинале 3.715 украински војници, но нема појаснување за оваа толку прецизна бројка.
Западните медиуми потсетуваат дека десетици илјади руски војници изминатите месеци копале ровови и граделе утврдување на првата линија од фронтот долг меѓу 1.200 и 1.400 километри, во очекување на долгонајавуваната украонска поротивофанзива за која се смета дека има цел да го отсече копнениот пристап на Русија до црноморскиот полуостров Крим кој е голема стратешка пречка за НАТО во контролата над Црното Море.