Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави во средата дека во телефонскиот разговор американскиот претседател Доналд Трамп не вршел притисок врз него да отвори истрага против веројатниот претседателски противкандидат поранешниот американски потпретседател Џозеф Бајден, како и дека не сака да биде вмешан во американскиот избоди.
„Никој не извршил притисок врз мене… Простете, но не сакам да бидам вклучен во демокрастките избори во САД“, рекол Зеленски за новинарите во Њујорк во текот на средбата со Трамп, пренесува агенцијата DPA.
„Мислам, а вие ги прочитавтем, дека никон не извршил притосок врз мене“, истакнач Зеленски откако претходно Белата куќа го објави транскриптот од телефонскиот разговор меѓу него и Трамп воден на 25-ти јули.
Зеленски додал и оти мислел дека ќе биде објавен само делот од разговорот на Трамп, пишува Reuters
„Лично сметам дека таквите разговори меѓу претседатели на независни држави не би требало да бидат објавени“, рекол Зеленски за украинските медиуми.
Инаку, Белата куќа ја објави нередактираната содржина на телефонскиот разговор, во кој меѓу другото Трамп ги критикува земјите од ЕУ дека недовлно ја помагаат Украина, а Зеленски се жалел на однесувањето на Германија и Франција. Според записот од разговорот, претседателот на Украина ги обвинил Германија и Франција за непочитување на санкциите поротив Русија.
„Зборував со (германската канцеларка) Ангела Меркел и се сретнав со неа. Се сретнав, исто така, и зборував со (францускиот претседател) Емануел Макрон. Им кажав дека тие не го прават она што треба да го сторат по прашањето за санкциите. Тие не ги почитуваат санкциите“, рекол Зеленски.
Украинскиот челник открил и дека не ги знаел поединостите за истрагата за Хантер Бајден, па повторил дека сака неговиот нов државен обвинител да ги истражи сите ситуации на корупција.
Претходно во средата Зеленски изјави дека врз него никој не може да врши притисок, како што пишуваа некои американски медиуми во врска со истрагата за Бајден и наводно условување со американската воена помош за Украина, освен неговиот шестгодишен син.
„Никој не може да врши притисок врз мене, бидејќи сум претседатело на независна држава. Единствената личност која може да врши притисок врз мене е мојот шестгодишен син“, изјави Зеленси на маргините од заседанието на Генерланото собрание на ОН во Њујорк.