Земјотрес од четири степени според Рихтер, попладнево, во 16:16 часот е почувствуван во Албанија.
Според Институтот за сеизмологија, епицентарот на потресот е на шест километри југозападно од градот Пеќин, односно на 37 километри јужно од Тирана.
Земјотресот бил на длабочина од два киломтера и според Институтот имал висок степен на чувствителност.Освен голема вознемиреност кај жителите од поширокиот регион, нема информации за прдизвикана материјална штета.
Потресот е почувствуван и во западните делови на Македонија.
Албанија катастрофален земјотрес ја погоди утрото на 26 ноември минатата година, во кој загина 51 лице, повредени беа над 1.200, а причинетата материјална штета се проценува на над милијарда евра