Последните неколку седмици Порторико го погодија стотини мали земјотреси, од кои првиот силен со магнитуда од 5,9 степени го потресе остеовот во понеделникот утротот, и ја уништи една од главните природни знаменитости и туристички дестинации на Порторико, карпестата аркада во која имаше отвор облик на тркалезен прозерец кој пружаше прекрасен поглед на морето, по кој и го добил името (вентана – прозорец).
Градоначалникот на општината Гуанила, на јужниот порторикански брег, Нелсон Торез Јордан, за The New York Times вели дека првите потреси регистрирани пред една седмица предизвикале големи пукнатини на природниот лак. А во земјотресот од 6-ти јануари, чудесниот ‘рт Пунта Вентана просто се урнал.
Информацијата ја потврди метеоролошката лабораторија при Универзитетот Порторико. Таа објави фотографи на својот микроблог на Twitter од природната арка и потоа исчезна. „Природниот лак Пунта Вентана во Гуанила исчезна“, констатираа.
Глиден Лопез, портпарол на општината, изјави дека знаменитоста почнала да покажува знаци на оштетувања минатта седмица поради големата сеизмичка активност. До 3-ти јануари се урнал горниот дел од „прозорецот“. „Плаја Вентана се урна. Денес напшата икона е само спомен“, напиша .
Потресот од понеделникот го следеше уште посилен земјотрес со магнитуда од 6,4 степени по Рихтер, кој рано утрото во вторникот го стресе Портпорико. Најмногу погоден беше јужниот дел, но силно беше почувстуван ширум островот, според американскиот Геолошки завод (United States Geological Survey). Следеа четири силни пореси, со моќност од 5,6, 52, 4,5 и 5,8 степени. Загина 77-годишен маж, многу објекти беа тешко оштетени а речиси 90 отсто од корисниците два дена беа без снабдување со електрична енергија.
Порторико инаку сѐ уште закрепнува од девастирачкиот ураган од 2017 година, кој уби околу 3.000 луѓе и уништи значителен дел од инфраструктурата ширум островот.
Притиснат на границата меѓу северноамериканската и карипската текстонска плоча, земјотесите не се реткост во Порторико. На пример, во 1918 година силен потрес предизвика цунами во кој загинаа речиси 120 луѓе на островот. Меѓутоа, силните потреси во југозападниот дел од Порторико се невообичаени во поновата историја. Таму последните посилни потреси се регистрирани со магнитуда од 4,1 и датираат од 1991 и 1999 година.
[GUAYANILLA] Desaparece la ventana natural en Punta Ventana, Guayanilla. pic.twitter.com/IN0LI7XuKK
— UPRM Meteorological Laboratory (@UPRMetLab) January 6, 2020