Земон за трагедијата кај Ласкарци: Саботажа од анти-НАТО структури

Поранешниот советник за мултикултурно општество на премиезрот Зоран Заев и актуелен пратеник во Собранието од владејачката СДСМ, излезе во четвртокот во најмала рака небулозно размислување во врска со вчерашната автобуска несреќа кај Ласкарци во која животот го загубија 15 луѓе.

„Некои мои пријатели од странство не ја исклучуваат можноста за саботажа на автобусот нарачана од странство! Бидејќи некои анти-НАТО дежурни опенион мејкери одма започнаа со палење на страстите, не треба да се исклучува и таа можност! Да бидеме сите претпазливи сега кога на Македонија ѝ тргна на подобро, на некои сили тоа баш и не им одговара. Се извинувам за оваа мала дигресија во нашата колективна тага, но можеби не е лошо да бидеме и малку ‘будни’ и внимателни“, напиша на фејсбук Земон, претседател на Сојузот на Балканските Египќани.

Не се познати мотивите на Земон за ваков обид за „објаснвуање“ на причините за една од поголемите трагедии во земјата или, пак, дотичниот има навистина „специјални“ информации. Сепак, ваквите тврдења кои се чинат дадени без ронка разум предизвикаа веднаш реакции на социјалните мрежи.