Се зголемува дефицитот на рекордни 920 милиони евра

Македонија годинава ќе го достигне историски највисокиот рекорден буџетски дефицит кој до крајот на годинава ќе изнесува 920 милиони евра. Државните расходи драстично се зголемуваат додека приходите во буџетот се на некое исто ниво, дури може да се каже дека се и намалени.

Имено, вчера почна расправата за ребалансот на буџетот во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието. Со ова прекројување, кое инаку е второ по ред годинава, расходите во годинешниот буџет со новиот ребаланс се зголемуваат за 162 милиони евра, а приходите остануваат на слично ниво. Приходите се позиционирани на 196, 4 милијарди денари, а расходите се планирани на ниво од 253 милијарди денари.

Власта, која е предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, го зголемува буџетскиот дефицит на рекодни 920 милиони евра или 8,4 проценти од БДП. За да ја пополни ново направената буџетска дупка, Владата ќе има потреба да позајми дополнителни 250 милиони евра. Владините преставници велат дека овие пари ќе бидат од домашно задолжување.

Инаку, Македонија е во услови кога македонската економија е во слободен пад, нешто што покрај домашните експерти го подврдуваат светските реномирани институции, кога илјадници граѓани го изгубиле своето работно место и кога пари на пазарот има се помалку, а и тие што ги има во улови во кои се наоѓа економијата во Македонија ќе бидат скапи пари. Затоа што кој и да позајми пари ќе мора да плати со висока камата. И реализацијата на капиталните инвестиции, кои во оваа криза требаше да биде двигател на економијата, до септември месец е на катастрофално ниско ниво од 44%.

И во овие услови во кои што се наоѓа македонската економија и стопанство, власта место да премине на кратење на непродуктивни трошоци и луксузирање на владините преставници со цел да го заштеди секој можен денар, таа одлучи дополнително да се задолжува со што го зголемува дефицитот на историски највисоко ниво.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 170 амандмани на комисиската расправа за ребалансот на Буџетот. Пратеникот Тимчо Муцунски вчера изјави дека амандамните се поврзани, меѓу другото, и со предлог амандмани за повеќе средства за инфективните одделенија ширум Македонија и инфективното одделение во Скопје, и проекти за намалување на загаденоста.
Со овој нов ребаланс на Буџет и новите проекции, прогнозата за пад на БДП се ревидира надолу на минус 4,4 проценти, додека капиталните расходи за до крајот на годинава се предвидуваат на 18,4 милијарди денари, што се пониски од првично предвидените.