5.8 C
Skopje
сабота, декември 28, 2024

Жариштето на епидемијата се префрли во Чиле – над 100.000 заразени

Бројот на заразени со коронавирус во Чиле надмина 100.000, покажуваат денеска податоците од универзитетот Џон Хопкинс.

Повеќе од 1.100 луѓе починале во таа јужноамериканска земја.

Поголемиот дел од областа околу главниот град Сантијаго веќе неколку недели е ставена во карантин за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Светската здравствена организација (СЗО) вчера предупреди дека пандемијата во Јужна Америка сè уште не го достигнала својот врв.

Покрај Чиле, Бразил, Перу и Мексико имаат голем број заразени лица, според СЗО.

Во овие земји има голем притисок врз здравствените системи. Во Чиле, група лекари предупредуваа пред неколку дена за големиот притисок врз болниците, зашто скоро сите кревети во единиците за интензивна нега се зафатени.