Бангладешката полиција уапсила жена осомничена дека убила повеќе од десет мајмуни, така што ја затрула нивната храна, соопштија властите во неделата.
Најмалку 15 мајмуни умреле во вторникот во близина на фудбалско игралиште во градот Мадарипур, околу 70 километри југозападно од главниот град Дака.
Педестетгодишна жена е уапсена и притворена, откако признала дека ги отрула животните, соопштија од полицијата. На иследниците им кажала дека не можела да го поднесе тоа што мајмуните постојано барале храна.
Доколку биде осудена, ѝ се закануваат три години затвор или парична глоба од висок за Бангладеш 3.536 американски долари, или и двете.