Жена се здобила со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу пладне на булeварот .„Александар Македонски“ во Радовиш.
Во несреќата учествувале автомобил „опел астра“, со радовишки регистарски ознаки, управуван од 46-годишниот М.К. од Радовиш и „фолксваген поло“, со швајцарски регистарски ознаки, управуван од 29-годишната М.К. од Радовиш.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Здравствен дом Радовиш, информираат од МВР.