Сите жени имаат свои методи на заведување кои некогаш се успешни, а некогаш не. Всушност, не реагираат сите мажи на исти работи.
Сепак, постои еден вид пристап кој што би можел да биде одбивен за мнозинството мажи.
Погледнете кои се работите според магазинот „Космополитен“.
Кога се правите блесави
Некои жени и понатаму веруваат дека на мажите ќе им се допаднат ако се прават наивни. Можеби и ќе им се допаднат, на оние несигурните типови без самодоверба, но вистинскиот маж сака покрај себе паметна девојка.
Испакнати усни
Оставете го тоа на старлетите, а вие однесувајте се нормално и заборавете на испакнувањето на усните.
Кога глумите недостапна
Ова е особено проблематично ако не знаете кога да повлечете граница. Ако бидете упорни во својата наводна недостижност, тој на крајот ќе крене рака.
Гризење
Во филмовите дивите гризења можеби делуваат секси, но во реалноста – тоа боли. Мнозинството мажи нема да сакаат да се појават на работа со „шљивка“ на образот, па ако сте постари од 14 години, прескокнете го тој потег.
Грубост во сексот
Ова е ставка која можете да им ја препуштите на порно актерките, бидејќи мажите сепак не се „палат“ на груби и нападни движења, особено оние во близина на нивните „алатки“.
Пресилен парфем
Тој сака кога убаво мирисате, но за тоа не е потребно половина шишенце парфем.
Лажен тен
Толку сте секси кога ќе се вратите од море поцрнети и ќе облечете бел шорц? Секако дека сте, но тоа не важи за оној тула тен кој што се постигнува со прекумерна употреба на креми за потемнување, додека сонце нема ни за лек.