Женска соседска пресметка во Гостивар

СВР Тетово информира дека вчера (2 ноември) во 9 часот, во Гостивар полициски службеници на гостиварското Одделение за внатрешни работи ја лишиле од слобода 32-годишната Ш.Б. од Тетово, која непосредно пред тоа била пријавена од 63-годишната гостиварка З.Х., нејзина сосетка, дека по претходна расправија на улица „Боге Велјановски“ во Гостивар, со тврд предмет физички ја нападнала.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и ќе следува поднесок, извести полицијата.