Доколку сте се запрашале какви жени бираат мажите за љубовници, ќе ги разрешите дилемите според едно истражување на Универзитетот Стерлинг во Британија.
Мажите ги изневеруваат своите сопруги со дамите кои изгледаат секси и женстевно, покажало најновото истражување на Универзитетот Стерлинг во Британија. Но, кога ќе се спомене женствено, се мисли на буцкасти образи, помали вилици, тенка половина и облини што мажите ги асоцира на виталност, здравје и младост.
Магнетската привлечност која е присутна меѓу жените со специфични црти на лицето и мажите кои изневеруваат во голем дел се поврзува со зголеменото ниво на естроген, што во очите на партнерот, жената изгледа плодна и примамлива. Очигледно е дека згодните жени, имаат поголеми шанси некој оженет „фраер“ да ги пикира и да ги посака во кревет.
Она што исто така е интересно, е дека поранешните истражувања покажале дека и жените, за неверство ги избираат мажите кои имаат силни и мажествени црти.