Зомби вирус ги напаѓа инсектите во Британија

Во Велика Британија се раширил бакуловирус, инфективен агенс кој предизвикува гасениците да ползат по сончевата светлина на којашто тие умираат а подоцна „експлодираат“ заразувајќи ги другите инсекти, пишува весникот The Telegraph.

Овој своевиден „зомби вирус“ ги инфицира коконите на дабовите гасеници, коишто вообичаено се кријат во сенките, избегнувајќи да станат лесен плен за птиците. Заразените остатоци од овие инсекти ги открил експертот од организацијата Wildlife Trust, Крис Милер кој го снимал изведувањето во пеперутки.

Според Милер, она што се случува со гасениците откако ќе бидат заразени потсетува на сцените од хорор филмовите за зомби. Инфекцијата постепено ја растворува внатрешноста на инсектот и го тенчи неговиот покривен слој. Оттаму за нив станува погубно изложувањето на сончевата светлина, па дури и слаби механички дејствија може да доведат до пукање на обвивката по што се разлева течноста којашто ги заразува другите членконоги.

Од Wildlife Trust апелираат до Британците да пријават доколку наидат на инсекти и други организми, како што се полжави, кои невообичаено за нив се изложуваат на сончева светлина, бидејќи тие може да бидат заразени.