Зоран Кичеец од притвор во болница

Зоран Милевски – Кичеец, еден од осомничените во случајот „Рекет“, попладневно со одобрение од судот, бил пренесен во една приватна болница на преглед. По прегледот, тој повторно бил вратен во притворското одделение во „Шутка“, потврдија од затворот.

 

На негово барање, наместо во државна болница, тој прегледот го направил во приватната „Жан Митрев“. Тој самиот ги платил трошоците за прегледот и трансферот, бидејќи доколку на притвореникот му следува преглед во државна болница а тој инсистира на преглед во приватна, самиот ги сноси трошоците за истиот.

Наводно, тој треба да изврши колоноскопија, постапка што трае три дена, но засега е вратен во притвор.