Зошто жените изневеруваат?

Бројот на женските неверства вртоглаво расте, а судејќи по се, главни виновници за тоа се мажите. Познато е дека припадничките на поубавиот пол ги одликува поголема емотивност отколку мажите, па со тоа и неверството повеќе оди од срцето отколку од главата. Неверството кај жените никогаш не се случува без добра причина, па доколку се сомневате дека жената ве изневерува, мора некаде да сте згрешиле.Доколку се прашувате што жените ги наведува да го изневерат својот партнер, дознајте го одговорот.

Посесивен партнер

Ако жената е во врска со посесивен партнер, кој и брани да биде во друштво на пријатели или тајно ги проверува СМС пораките, таа кога тогаш ќе се побуни и ќе побара партнер со кој ќе може да ги живее своите сонови.

Недостаток на комуникација

Жената која не ужива во комуникацијата со партнерот, се чувствува несреќно и незадоволно. Квалитетната комуникација е клучна. Не се работи за разговори за работата и финансиски проблеми, туку моментите кога разменувате интимност, планови, желби, стравови и чувства.

Осаменост

Сите врски зависат од приврзаноста и заедништвото меѓу партнерите, а до проблеми доаѓа кога тие престануваат да сакаат исти работи и почнуваат да живеат одвоен живот. Во вакви ситуации жените се повеќе време поминуваат во друштво на пријателките и често завршуваат во прегратките на друг маж.

Емотивна неисполнетост

Жените се емотивни, не им е важен само сексот туку потребна им е ментална и духовна поврзаност. Тие сакаат се да делите со нив. Ако сте имале лош ден на работа, кажете и го тоа.

Освета

Изневерената жена е најопасна жена. Меѓу останатото, ќе се обиде да се освети. Во желбата партнерот да се чувствува лошо, во состојба е да го изневери и тоа јасно му го дава до знаење. Неверството е освета, но зошто е потребно ако на крај и двајцата партнери се повредени.