Зошто Специјалното јавно обвинителство бара предмети на секои 15 дена?

Експертите за „Курир“ коментираат дека порационално е да се земат сите предмети одеднаш, отколку на секои 15 дена по пет предмети. Дополнително, се поставува и прашањето зошто сега се земаат само 5 предмети, доколку се имаат во предвид барањата од 120 лица за да може СЈО да почне да работи во полн капацитет?!

Еден ОЈО работи 40 предмети, 12 СЈО ќе работат 5 предмети?!

Неодамна, државниот јавен обвинител Марко Зврлевски изјави дека  јавните обвинители во сите други обвинителства работат со околу 40 предмети по еден јавен обвинител, со што повторно се поставува дилемата зошто СЈО не го земе сите предмети одеднаш кога веќе беа исполнети сите барања за тоа да фунционира.

Фактот што јавните обвинители во сите други обвинителства работат со околу 40 предмети по еден јавен обвинител. Обвинителството за организиран криминал има 12 обвинители кои на годишно ниво работат на над 400 предмети, изјави Зврлевски во моментот кога Советот за јавни обивнители првично објави дека прифаќа 7 од предложените помошници на Катица Јанева.

Од сето ова произлегува дека тимот на Јанева од 12 обвинители во СЈО ќе работат само на 5 предмети, што повторно ја отвора дилемата за тоа како се трошат народните пари, имајќи ги во предвид информациите во јавноста дека побарувањата на СЈО беа неверојатни 211.000 евра месечно само за плати без придонеси. Математиката вели, дека со 211.000 евра месечно за плати и надоместоци, сите 124 вработени во Специјалното јавно обвинителство би земале плата во просек од околу 1700 евра, а тоа е за скоро 5 пати повеќе од просечната плата во Македонија.

За една година работа граѓаните на Македонија на Јанева и нејзиниот тим ќе треба да и платат неверојатни 4 милиони евра. За споредба, целото Министерство за правда годишно троши околу 5,9 милиони евра, а само Обвинителството за организиран криминал во кое се работат најтешките случаи, годишно троши помалку од половина милион евра. Околу 4,6 милиони евра, според Буџетот за 2015 година, потрошило целото Министерство за информатичко општество и администрација.

Преклопување на ставовите на СЈО и СДСМ

Ваквото однесување…