ЖРК Вардар гостуваат во Букурешт

Ракометарките на македонскиот првак ЖРК Вардар попладнево гостуваат во Букурешт, каде ќе се одигра дуелот од 8.коло од главната фаза од Лигата на шампионите.

„Вардарки“ на првиот дуел постигнаа минимална победа (22:21) и доколку останат непоразени ќе имаат големи шанси да го задржат третото место на табелата во групата 2.

ЖРК Вардар има бод повеќе (осум) од денешниот ривал (Букурешт 7), а до крајот на оваа фаза на избраничките на Кастратовиќ им останува да ги одиграат двата дуела со Будуќност дома и со Савехоф на гости.

Почетокот на натпреварот Букурешт – ЖРК Вардар е во 18 часот.