Крај и заклучок на колумната
Досега кажав само 1.2 отсто од информациите за она што се случува во реалноста. Многу ми е жал за Сања Божиновска како министер за енергетика, рударство и минерални суровини и Седад Рушани како нов директор од 22-ти јули 2024 година на Бирото за метрологија во кое имам основани сомненија дека е извршен „зулум“ од невидени размери против сите еколошки здраворазумски размислувања и тоа во автомобилскиот бизнис.
За нашиот влез, во ЕУ, нѐ убедуваше Бојан „Боки Теписонче“ Маричиќ (татко му како обвинител си нарачал теписон од приправници од легендарниот адвокат Антонио Тони Апостолски) – дека само мора да ги внесеме Бугарите во Уставот.
Затоа на овие нови функционери – Сања и Седад – на сите нивни соработници им велам да почнат да размислуваат на начин дека „Додека не заигра пендрек нема од нас држава“ и дека „Ќотекот излегол од Рајот“.
Почеток на колумната
„Железото е потврдо од каменот, каменот од дрвото, дрвото од воздухот, ама има нешто што е недопирливо и потврдо од …….., тоа е Човековата Душа“.
Кога е во прашање министерката за рударство, енергетика и минерални суровини г-ѓа Сања Божиновска нашите медиумски „експерти“ потрчаа да ја дисквалификуваат дека била „Лејди која лаже“ поради нејзиниот пасош од соседната држава Бугарија. Лично мислам дека Сања е народен херој. Замисли го враќаш пасошот бугарски и им велиш „чао“ другари од Черното Море јас работам за Македонија и сум Македонка. Тоа е патриотски чин.
Инаку за големиве медиумски аналитичари за мене лично сериозни примитивци да им соопштам дека Сања е од Карпош 1 и живееше во зградата кај Васе Хорс и Царија, ама во влезот до школскиот двор, инаку зад „Поштенски гаражи“ и се лизгала на рампата за во гаражите каде од истата зграда балконот на Михаил Данев гледал во нејзиниот стан и татко ѝ бил ветеринар. Е ние од Карпош 1, секогаш имаме обврска едни кон други.
Ама за разлика од мене, големите медиумски „експерти“ со намена ненамерна и намерна сакаат да создадат слика која им е битна за нивните персонални економски влажни соништа кои се инспирирани од држави што сакаат да нѐ видат сиромашни и зависни од увоз и позајмици. Во таквиот хаос лично најмногу просперираат.
Она што Сања Божиновска мора да го осознае е дека мора да прави разлика меѓу „екологисти“ и нормално воспитани едуцирани експерти за заштита на животна средина кои можат заедно со неа да донесат финансиски просперитет на Македонија, согласно потребите на нејзините граѓани и тоа преку нејзините квалитети кои ги понудила на државата. Затоа мора да даде сигнал со кој има желба да разговара за напредок на Македонија. Доколку следниве денови не започне да разговара со професорите од Технолошко-металуршки факултет во делот на екстрактивна металургија којашто е најбитна за рударството со обоените, благородните и ретките метали, тогаш, исто како и досега, ќе добиеме казна од ваков тип: рудникот „Казандол“ нѐ доби на суд со казна од 450 милиони евра, а хидроцентралата „Луково поле“ не ја изградивме поради загрижените „Европејци“ и нивните платеници во Македонија, препродавачи на струја.
Но она што е најважно – дека кога сме кај екологијата има еден интересен момент кој се вика возила загадувачи, а екологистите молчат мудро.
Биро за метрологија
Нов директор на оваа институција ќе биде од понеделник 22-ри јули Седад Рушани, кој заедно со Сања Божиновска се втурнати во котел каде врие железото а тие заедно пливаат и велат „Па не толку топло“, односно им оставиле повеќе од хаотична состојба.
Сте чуле за ова извонредно тело? Јас лично кога во медиумскиот свет се рашири дека мора да се вади документ за реверберација (станува збор за однесувањето на тонот и доколку биде применето сите интернет емисии во истата секунда ќе бидат забранети, закон) тогаш дознав за нив.
Ова биро има многу ингеренции, а една од тие е во делот на автомобилската индустрија и е значајно тело кое може да одигра клучна улога во заштита на животната средина и исполнувањето на европските стандарди.
Почитуваните наши нови функционери мора веднаш да си ги постават следниве прашања:
- Како е возможно да се возат возила, а кои можат да се користат во Јужна Кореа, но не ги исполнуваат основните услови за Македонија?
- И како тие се одобрени и регистрирани во државата кога единствени органи се Министерството за економија (сега е ова новото) како ресорен орган за Закон за возила и сите други акти, министерствата за Внатрешни работи, за Транспорт и врски и за Екологија и, нормално, органот за одобрување на возила – Биро за метрологија?
- И како тоа возило направено според европски барања е до трипати поскапо и коешто ги исполнува сите безбедносни и, пред сѐ, еколошките барања за увоз во Македонија и ЕУ, од она направено за јужнокорејскиот пазар? И дали вакви слични состојби е и со возила кои се направени за пазарите на Блискиот исток, за Дубаи, Катар, Саудиска Арабија итн?
- И сево ова ги поминало институционалните бариери? Па зарем морам да размислувам освен да ги повикам правосудните и контролни органи на државата да почнат да размислуваат?
Сепак, да објаснам во кратки црти. Имаме увоз на возила за корејскиот пазар, сигурно не мислам на Северна Кореа и Ким Џонг-ун (тој увезува тенкови и нуклеарни бомби), туку возила кои не ги исполнуваат нашите еколошки стандарди.
И она што е најтрагично, имаме увоз на 30 илјади возила во првите шест месеци од оваа година од кои само 6 илјади се нови возила според европски стандарди, а другите се користени кои се увезуваат од држави на Европската унија. И тоа, да речеме, дека не е проблем доколку се хармонизирани со правилникот за технички преглед како што е светлосната сигнализација или пак да возила од САД кои исполнуваат TIER 2 еколошки европски норми. Ама Кореја не е САД. Увези си од кај нив возила, а тие се под заштита на САД, ама еколошки не ги исполнувале правилата на ЕУ.
Па добро, за мал пазар и не е важно. Зошто Македонија мора да знае што е Еуро 7? Е мора да знае, и тоа во два сегмента.
- Прво, има да возиме возила од сите типови (мотор, автомобил, комбе, камионет, камион, шлепер, автобуси итн) со европски стандарди и сѐ што е отпад со Еуро 4 има да биде забрането;
- Сите граѓани да внимаваат од тн „екологисти“. Овие личности немаат елементарни познавања, туку голем дел имаат само желба да бидат робови на некој кој сака да ги контролира, односно тоа во психијатријата се вели вака: „Сакам да бидам дел од друштво, па макар и лошо“;
П.С: Врати се на почеток
Автор: Виктор Грозданов за НетПрес