Француската волонтерка ќе биде донесена на лекување во воената болница Бегин во Сант–Манде во Вал-де-Марн, во близина на Париз.
Таа работела за Лекари без граници во Либерија и прва државјанка во Франција што се заразила од ебола.
Идентитетот на заболената не се открива и не се кажува кога таа точно ќе биде пренесена во Франција.
Според информациите дадени од Министерството за надворешни работи и за здраство, заболената ќе биде донесена на лекување во Франција во „услови на максимална безбедност“ со специјално опремен авион за тоа.
Притоа француските власти нагласуваат дека во земјата се преземени соодветни мерки за справување со случаи на заболување од ебола. Болницата каде ќе биде сместена заболената е една од рефернтните болници кои беа избрани од Министерството за здравство, меѓу кои се наоѓаат уште две други болници во Париз.
Покрај болниците во престолнината и нејзиниот регион француските власти имаат мобилизирано уште неколку специјализирани болнички центир во Рен, Лил, Бордо, Стразбур и Лион. Во сите овие болници се предвидени специјални болнички соби за пациентите заразени од ебола.