ПСЖ спаси кожа во Генгамп, Монако ослабен против Марсеј

Еден и тоа среќен бод на незгодното гостување во Генгамп, освои актуелниот шампион и лидер во француската Прва лига, тимот на ПСЖ.Израмнувачкиот погодок, постигнат во 88 минута од натпреварот, беќе дело на бразилскиот интернационалец, Алекс.

Денеска вниманието на фудбалската јавност во Франција ќе биде насочено кон дерби пресметката на “Луи Втори”, каде домашниот тим на Монако ќе се обиде да оствари позитивен резултат во пресметката со вечниот ривал, екипата на Олимпик од Марсеј.

Домаќинот ќе биде осетно ослабен поради неиграњето на најдобриот фудбалер, колумбискиот интернационалец, Радамел Фалкао, кој пред три дена ги скина вкрстените лигаменти во левото колено и ќе мора да одмара во следните шест месеци.

Резултати: Генгамп – ПСЖ 1:1, Ајачио – Сошо 1:1, Монпеље – Ница 3:1, Нант – Римс 0:0, Валенсиен – Лориен 1:1, Лил – Рен 1:1.

Денеска на програмата: Лион – Евијан, Бордо – Сент Етјен, Монако – Марсеј.