Тројца браќа биле вклучени во нападите во Париз, едниот е во бегство

ФОТО: Ројтерс
ФОТО: Ројтерс

Тројца браќа биле вклучени во нападите во Париз, едниот е во бегство. Британските весници, повикувајќи се на француски Ле Монд пишуваат дека имињата на двајцата од тројца браќа биле најдени на договорите за изнајмување две возила со кои дошле напаѓачите.

Првото е сиво Поло што било најдено во близина на салата Батаклан каде беа убиени 89 лица и црн Сеат за кое се верува дека било користено за нападите врз најмалку два ресторани. Во возилата биле најдени три автоматски пушки Калашников и црни ранци, чија содржина е непозната.

Федералниот обвинител на Белгија потврди дека двајца Французи што живееле во Брисел се меѓу седуммината бомбаши самоубијци што ги извршија нападите.

Ле Монд пишува дека сеуште не е познато дали двајцата браѓа што ги изнајмиле возилата се истите двајца што ги загубија животите во Париз, поради што постои сомнеж дека можеби тие сеуште се во бегство.

Третиот брат бил меѓу седумте лица што биле уапсени под сомнение дека се поврзани со нападите.

Вчера, Франсоа Мулен јавниот обвинител во Париз, напомена дека еден Французин со престој во Белгија го изнајмил возилото Сеат (и најверојатно третиот брат).

Ова лице било откриено за време на полициска контрола на белгиската граница и каде имало уште три лица што исто така живеат во близина на Брисел.