Свет

Забрзано ширење на еболата и се заканува на западна Африка

Забрзано ширење на еболата и се заканува на западна Африка

Забрзано ширење на вирусот на ебола и се заканува на западна Африка, велат од СЗО.

Овој вирус досега однесе речиси 2.300 животи.

– Преплавени сме. Пациенти пристигаат во огромен број. Вчера примивме 30 пациенти, изјави Софи Џејн, портпаролка на Лекари без граници.

СЗО соопшти дека во вторникот се регистрирани 2.296 смртни случаи од вкупно 4.293 заболени во Либерија, Сиера Леоне, Гвинеја и Нигерија. Половина од инфицираните се регистрирани во изминатите три недели, наведува СЗО.

Еболата е вирусно заболување за кое нема лек. Болеста се пренесува во контакт со телесна течност од заболен, што значи дека за инфицирање е доволен и само допир со заразено лице.