Нема крај на понижувањата на СДСМ. Беа понижени од стручната фела на јавната расправа за смртноста на доенчињата која ја покренаа во Собранието, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение интегрално ви го пренесуваме соопштението од ВМРО-ДПМНЕ
Сега се понижени и од официјалната статистика која вели дека во третиот квартал од годинава смртноста кај доенчињата, во споредба со истиот квартал од минатата година е намалена за 40%.
СДСМ бесрамно лажеше дека во Македонија умираат 3.997 бебиња годишно.
Околу бројот на доктори по сите градови и села во Македонија, еве уште малку од најпроблематичната тема за СДСМ во последните 10 години – математиката.
Во 2004 имало вкупно 30 специјализации во тек. Во 2015 се доделуваат 308 специјализации и 75 суб-специјализации само по огласот на Медицинскиот факултет во Скопје.
Ги покануваме да пресметаат колку пати се содржи 30 во 308.
Резултатот ќе е одговор и на прашањето зошто губат 9 изборни циклуси по ред, зошто популарноста на нивниот лидер е падната за рекордни 30% за четири месеци и зошто соодносот ВМРО-ДПМНЕ : СДСМ е 24:12.
За манипулативните некрофилни калкулации на СДСМ им остануваат уште само 149 дена. На 24 април следува казната од народот.