
Во просториите на невладината организација „Мултикулти“ во Куманово министерот за внатрешни работи Митко Чавков и директорот на Бирото за јавна безбедност Горанчо Савовски ќе остварат работна средба со претставници од месната заедница „Тоде Мендол“, како и со претставници на невладиниот сектор.
Целта на посетата е да се направи согледување за моменталната состојба на подрачјето на засегнатата месна заедница и заеднички да се утврдат приоритетите за дејствување и зајакнување на комуникацијата помеѓу полицијата и граѓаните.
