Ограбени мигранти во Гевгелија

Двајца мигранти вчера во полициската станица Богородица пријавиле дека биле ограбени во Гевгелија.

Мигранти по македонските патишта  се движат со велосипеди
Мигранти по македонските патишта се движат со велосипеди

Според  пријавата на К.О.(30) од Сирија и A.K.M.С.(44) од Ирак,  во близина на местот „Ж.Мост“ биле нападнати од две непознати лица, кои управувале возило без регистерски таблички, црвена боја, при што биле ограбени и им биле одземени два мобилни телефони, околу 800 евра и патни документи.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

 

Инаку ова не е прв пат илегални мигранти да бидат ограбени од страна на непознати разбојници.

Поврзани вести