Зошто Собранието не сака да именува преставници на јавните универзитети во Македонија?

Надлежностите на македонскиот законодавен дом се регулирани со највисокиот правен акт во нашата држава – Уставот. Натаму, тие се конкретизирани со законски одредби кои lex specialis ја прецизираат неговата работа и функционирање. И најпосле, доаѓаат на ред и подзаконските акти кои ги има донесено самото Собрание. Од сето ова може да се потенцира дека надлежностите на парламентот се уставни и имаат огромна политичка моќ за нормално функционирање на институциите на политичкиот систем. Согласно законските одредби македонскиот парламент има надлежности и во областа на образованието, а мојот интерес е фокусиран кон високото образование.

Поконкретно, денешното пишување го посветувам на Универзитетскиот совет кој е воведен со Законот за високото образование од 2018 година, но за жал поради опструкциите од законодавниот, односно легислативниот дом сеуште е блокиран да се основа со вкупниот број на членови пропишани со законот. Не можам да пронајдам логика во оваа состојба – од една страна парламентарците го донесуваат законот, на истиот потпис става претседателот на Собранието – Талат Џафери, а од друга страна токму од нив не се определуваат членовите кои треба да бидат дел од Универзитетските совети.

Зошто се дозволува толку години да поминат, а да не се извршуваат уставните и законските надлежности? Зошто се дава придонес нашето високо образование да биде на толку ниско ниво на релевантните ранг листи? Зошто таква девалвација на академскиот простор? Зошто универзитетските професори не чувствуваат потреба да го кренат гласот и да побараат одговорност од надлежните, а пред се’ од оној кој е одговорен да ги именува односно предложи членовите од Собранието на РМ? Каде е Комисијата за именување на Собранието и кој раководи со таа комисија? Дали СДСМ и ДУИ свесно ги ставаат работите под тепих со цел да се распаѓа високото образование? И за жал имаме претседател на државата кој е професор на универзитет, но и премиер кој е исто така професор на истиот универзитет. Зошто тие не придонесуваат и да побараат парламентот да ги изврши своите обврски?

Согласно Законот за високо образование (Сл весник на РМ,бр.82/2018)  универзитетите во Македонија, треба да формираат Универзитетски совети. Универзитетскиот совет има најмногу 11 члена, во кои преставници именуваат Сенатите, Собранието на студентите, Стопанската комора и основачот Собранието на Македонија… (види член104 од ЗВО).

Сите именуваа преставници, освен основачот – Собранието на Македонија. Преставниците на јавните универзитети во Македонија, како што велат, доставиле писмени барања до основачот, поконкретно до спикерот Таљат Џафери. Но, до ден денес од страна на ОСНОВАЧОТ нема никаков одговор, и тоа повеќе од четири години?! Почитувани читатели, а и Вие основачи, треба да знаете и вие пратеници од позиција и опозиција, овие Совети вршат надзор врз законитоста на работењето, заштита на автономијата, согледувања на материјалните и кадровските ресурси, нивна примена или злоупотреба и т.н…

Господа основачи, дали знаете што значи неименување членови од основачот – СОБРАНИЕТО?

Тоа значи дека основачот не го интересираат јавните универзитети, што ги формирала државата!!! Засрамете се господа основачи!!!

Мора да додадам, дека тоа не е случајно. Зошто ако имате свои преставници, како што бара ЗАКОНОТ, најмалку еднаш годишно ќе му доставуваат информација – ИЗВЕШТАЈ на министерството надлежно за работата на високото образование и до Сенатот на Универзитетот. Тогаш нема каде да се бега од решавање на проблемите (кадар, средства за истражување, откривање на незаконитости и злоупотреби, плати и слично). Вака, ни лук јал, ни лук мирисал. Никој ништо не знае? (види чл.105 став 3 од ЗВО).

Претседателе на Собранието – Таљат Џафери, Вие имате одговорност што од 2018 година не ја ставате оваа точка на дневен ред, и кој ти дал право да не го почитуваш Законот, кој ТИ си го потпишал!?

Затоа, почитувани читатели, високото јавно образование во Македонија е таму каде што е! Државата не ја интересираат јавните универзитети, а за приватните и да не зборуваме.

Видите:

Македонскиот бродолом на високото образование и наука

Организираниот образовен криминал на рекоторот Азис Положани во соработка со ДПИ

Демагошка средба на министерот Шаќири и Агим Рушити

Затоа основачи на јавните високообразовни институции, врската државата – универзитетот е во Советите на универзитетите, каде што двете страни имаат свои преставници и каде што заеднички треба да се решаваат многу прашања. Тука е клучот за многу работи. Во спротивно, Вие сте виновни за состојбите во високото образование, каде ни оди образованието, а образованието ни оди во амбис. Жално.

P.S. Продолжува штрајкот во предучилишното, основното и средното образование. Владата се заканува на штрајкувачите, наместо да се изнајде решение.

Автор: Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор во пензија за НетПрес