Оваа година темата е „Совладување на четвртата индустриска револуија“, предизвикана од брзите и масовни иновации во области како роботиката, беспилотните летала, 3Д печатење и биотехнологии.
Основачот на Светскиот економски форум Клаус Шваб одбележа неколку основни прашања, определени за овогодишната средба. Едно од нив е причината за бегалската криза, друг факт е дека 62 најбогати луѓе на Земјата поседуваат толку, колку посиромашната половина од човештвото.
Средбата се одржува на 1.560 метри надморска височина во Давос.
Организаторите не посочуваат конкретни информации, но се очекува околу 5.000 војници, полицајци да го обезбедуваат градот со 11.000 жители.
Меѓу учесниците ќе бидат и коосновачот на Мајкрософт Бил Гејтс, извршниот директор на Џенерал моторс Мери Бара, главниот извршен директор на Мајкрософт Сатја Надела, основачот на синџирот за он лајн трговија Алибаба Џак Ма и десетици други раководители на компании.
Извршната директорка на ММФ Кристин Лагард ќе биде во Давос, како и претседателот на Европската централна банка Марио Драги и управители на десет централни банки.
САД ќе бидат претставени од потпретседателот Џо Бајден и државниот секретар Џон Кери.
Ќе присуствуваат и кралицата на Јордан, како и популарни претставници на шоу бизнисот Боно, Леонардо ди Каприо, Вил Ај Ем.
Во Давос нема да дојдат претседателот на САД Барак Обама, на Русија Владимир Путин, а форумот оваа година ќе го пропушти и германската канцеларка Ангела Меркел.
Над 250 новинари ќе го следат овогодинешниот бизнис форум.